Моето патување во Женева беше само на неколку дена, бидејќи живеев во Торино и имаше директен автобус решивме да отидеме само на еден викенд. Тоа беше пред неколку години, но денес исто така е многу лесно да стигнете до Женева, благодарение на евтините летови од Скопје до Базел или до некој друг европски град па до Женева. Превозот е најмал проблем и воедно единствената работа што може да се купи поевтино, затоа што во Женева и општо во Швајцарија сигурно веќе и сте чуле, сè е изгор скапо.

 

Под сè е изгор скапо се подразбира и сместувањето, но за наша среќа ние успеавме да најдеме еден Италијанец на couchsurfing што живееше и работеше во Женева и тоа замислите, работеше во ЦЕРН (европска организација за нуклеарно истражување), значи физичар опкружен со цело интернационално друштво на физичари, само јас и другарка ми како од Марс паднати помеѓу нив. Не смести дечкото кај него во куќа, ни даде клуч од дома, и рече чуствувајте се како дома.

 

 

Истиот ден искочивме заедно со него и цело негово друштво на физичари и дечките беа навистина луди, мислам за луѓе што имаат таква професија  беше логично да сакаат многу да се забавуваат и секогаш да измислуваат разни начини на забава и да организираат интересни настани. Женева е малце мртов град, барем периодот кога бев јас, навечер немаше многу раздвиженост и голем избор на места за излегување, а тие што ги имаше беа изгор скапи.

Истата таа вечер после искачање Италијанецот ни вика сакате ли да влезете во ЦЕРН? Ние секако рековме да, животна шанса, искуство што никогаш нема да го заборавам во животот. Влеговме внатре, дечкото ни закачи по еден беџ, и не претстави како новите асистенти хахахаха потоа не однесе во една просторија каде што ни пушти едно видео и почна да ни објаснува некои тешки физики, да ве потсетам сето ова  се случуваше во два часот по полноќ. И за крај не однесе на најглавното место во ЦЕРН, каде што се наоѓа најголемиот забрзувач на честички во светот, со кој што се трага по тајните на создавањето на материјата во универзумот. Е тука веќе се расонивме и само рековме ВАУУУ !

Наредниот ден го посветивме за разглед на градот. Бевме прво да го видиме седиштето на Обединетите Нации па од тука се вративме накај центарот.

 

Се прошетавме покрај езерото и се посликавме со фонтаната на сред езеро а потоа продолживме да се шетаме низ стариот дел на градот. Луксузни хотели, златари и скапи часовници, тоа е Женева.


 

А кога дојде време за ручек хммм парче пица околу 9-10 евра. Отидовме до супермаркет и купивме нешто за да поткаснеме. Никој не умрел за јадење за 2-3 дена, толку и ви препорачувам да се задржите во Женева, и дефинитивно многу поубаво е да прошетате низ многуте планински швајцарски алпски селца отколку парите да ги потрошите во Женева или некој друг град во Швајцарија.