Веќе 18 години по ред во Торино се случува вистинска изложба на современа уметност под отворено небо. Уметнички светилки кои што секоја година ги осветлуваат плоштадите и улиците во центарот на Торино. Многубројни познати современи уметници ги изложуваат своите уметнички дела на кои што основниот дел им се светилките. Секоја година се додава по едно ново уметничко светлечко дело. Во Торино ќе почуствувате еден поинаков Божиќ, осветлен од уметнички светилки. И навистина градот се претвара во бајка, магија која што владее насекаде околу вас, едноставно се движите по една од најубавите улици во Европа и читате бајка во разни бои, а сето тоа во придружба на убав мирис на топло чоколадо и кафе. Барем еднаш во животот треба да го посетите Торино во овој период од годината, светилките се палат при крајот на месец Октомври а се гаснат во месец Јануари. Мој совет е да се прошетате низ градот навечер за време на работната недела кога градот постанува тивок и речиси празен, и тогаш дефинитивно ќе ја почуствувате магијата на еден од најубавите италијански градови!