Ова е листата на топ 5 места што дефинитивно треба да ги посетите во Рим и да ја откриете причината зашто токму овие места се едни од најинтересните во градот.

1. Giardino degli aranci

Градина на портокалите, името се должи на дивите портокали кои растат во паркот. Паркот се наоѓа на ридот Авентино, а тука исто така ќе ја најдете и познатата порта низ чија што клучалка може да ја шпиунирате куполата на црквата Свети Петар.

2. Via Nicolo Piccolomini

Оваа улица се наоѓа на ридот Џаниколо. Од тука се гледа куполата на црквата Свети Петар, но ако започнете да се движите на улицата одејќи накај куполата таа се повеќе ќе се одалечува од вас, а ако пак започнете да се движите назад и се одалечувате од неа, таа ќе изгледа како да ви се приближува, се работи за оптичка илузија.

google photo

3. Quartiere Coppedè

Оваа населба има околу 26 зградички и 17 вили и се наоѓа блиску до центарот на Рим, местото изгледа доста нереално, бидејќи таму владее мешавина на готска, барокна и средновековна уметност. Одете и уверете се сами колку несекојдневни градби има таму

google photo

4. Gianicolo

Eден од седумте ридови во Рим и се наоѓа над населбата Трастевере, од тука дефинитивно ќе уживате во една од најубавите панорамски глетки на Рим

google photo

5. Palazzo Spada e la Galleria Prospettica

Уште еден пример за лажна перцепција. Палатата се наоѓа на плоштадот Capo di Ferro. Лажната перцепција се однесува на должината на дворот, кој изгледа многу подолг од тоа што е. Таванот изгледа како да се спушта надоле а подот од мозаик како да оди нагоре

google photo